DAF камионите добијаа соларни панели – се очекува помала потрошувачка на гориво

Американскиот производител PACCAR, кој стои зад брендот DAF, претстави нови, ултра тенки и флексибилни соларни панели што можат да се вградат речиси на секоја кабина, приколка или надградба на камион.

Со цел да се следат зелените трендови во транспортната индустрија, новите панели овозможуваат постојано полнење на акумулаторот со соларна енергија. Лесни се, придонесуваат за помала потрошувачка на гориво, пониски CO₂ емисии, и помала деградација на динамото и акумулаторот.

Две големини на панели

Соларните панели се достапни во две димензии:

  • Мал панел: 16 ќелии, дебелина од само 3 мм, димензии 110 × 30 см, тежи 700 грама.
  • Голем панел: двојно поголем со 32 ќелии, тежи 1,3 кг.

Панелите се самолепливи и доволно флексибилни за да се прилагодат на закривени површини, како што се кровот или спојлерите. Енергијата се пренесува преку вграден претварач директно до акумулаторот – за складирање или веднаш за користење во кабината.

Помалку работа на празен од

Со еден голем и еден мал панел може да се покрие секој стандардно димензиониран камионски кров, а често има простор и за повеќе. Преколките со цврста горна страна имаат потенцијал за поставување на цела низа панели.

Благодарение на ова решение, возачите ретко има потреба да го вклучат моторот додека се паркирани и користат уреди како телевизор, кујнски апарати и слично – што значително штеди гориво и ги намалува CO₂ емисиите.

Ефикасноста, секако, зависи од достапноста на дневна светлина и потрошувачката на електрична енергија во кабината.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни