Дачиќ на апарати, лекарите открија нови детали за состојбата

Вицепремиерот на Србија, Ивица Дачиќ, е на интензивна нега поради тешка билатерална пневмонија, хроничните заболувања ја комплицираат клиничката слика,

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, и натаму се наоѓа на интензивна нега на Клиниката за пулмологија при Универзитетскиот клинички центар на Србија, каде што е приклучен на механичка вентилација поради тешка билатерална пневмонија.

Според информациите објавени од српските медиуми, неговата здравствена состојба дополнително е усложнета поради хронични заболувања, меѓу кои дијабетес и срцеви проблеми, што ја отежнуваат терапијата и закрепнувањето.

Докторот Спасоје Попевиќ, кој ја следи неговата состојба, изјави дека Дачиќ засега е стабилен и дека ноќта ја поминал мирно, но нагласи дека борбата со инфекцијата продолжува и дека мерките за интензивна нега остануваат на сила. Нови информации за неговата здравствена состојба се најавени за попладневните часови.

Дачиќ беше итно хоспитализиран во средата по влошување на состојбата, а вчера во болница го посети и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред неговото заминување за Казахстан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни