Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денес е отпуштен од болница и е испратен на домашно лекување, соопшти директорот на Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦ), Михаило Стјепановиќ.
„По речиси две недели хоспитализација, Дачиќ се опорави и денес беше отпуштен на понатамошно домашно лекување. Тој е стабилен, но сè уште му е потребен мониторинг и домашно лекување. Доби совет за понатамошна терапија“, изјави Стјепановиќ.
Дачиќ беше примен во болница на лекување на 25 февруари и ставен на респиратор поради билатерална пневмонија.