Но, често се заборава дека без ментално здравје, сето тоа останува во сенка. Без разлика дали сте во потрага по првата работа, сакате да ја промените кариерата или планирате да напредувате, внатрешната стабилност е таа што одредува дали ќе направите нов чекор или ќе останете во зона на комфор.
Колку пати сте размислувале пред интервјуто дека не сте доволно добри, или, соочени со нови задачи, сте одлучиле да останете на истото место затоа што е побезбедно? Тие сомнежи и дилеми се познати на повеќето и често се причина за тоа што не дознавате колку далеку всушност можете да стигнете. Знаењето и дипломите не се доволни ако немате внатрешен мир да ги покажете. Затоа, негувањето на менталното здравје е подеднакво важно како и стекнувањето нови компетенции. Тоа бара посветеност и вложување, исто како и физичкото здравје.
Специфичен предизвик денес доаѓа од социјалните мрежи. Кога ќе погледнете туѓи објави за „совршени“ работни позиции и успеси, лесно е да поверувате дека заостанувате. Таквите споредувања го рушат самопочитувањето и ја намалуваат мотивацијата. Но, она што не го гледате се неуспесите, сомнежите и борбите кои другите луѓе не ги споделуваат јавно. Клучот е да останете фокусирани на својот пат и да градите кариера во согласност со сопствените вредности и цели.
Порака да застанете и размислите: „Како сум?“
Светскиот ден на менталното здравје е момент кога треба да застанете и да размислите за себе. Поставете си прашање: „Како сум?“ Што ми недостасува за да бидам задоволен со работата и животот? И што имам премногу и време е да го отпуштам?
Знаењето кое ја зајакнува и внатрешната и надворешната стабилност
Грижата за менталното здравје не е слабост, туку ресурс што ви помага да бидете сигурни во себе, да учите подобро и да се подготвите за нови можности. Тоа е инвестиција во вашата иднина и кариера.
Затоа, успешната кариера не зависи само од тоа што знаете, туку и од тоа колку се грижите за себе додека го градите патот кон својот цел.
Извор: N1info.rs