Да се добие Мишелин ѕвезда е проклетство за ресторанот

За секој ресторан да се биде дел од Водичот на Мишелин, односно да се добие Мишелин ѕвезда е знак на престиж и кон тоа се стремат речиси сите сопственици и шефови.
Фото: rawpixel.com

Сепак, според истражувањето неодамна објавено во журналот Стратешки менаџмент, наместо успех, добивањето на Мишелин ѕвезда чести води кон неуспех.

Даниел Сендс од Факултетот за менаџмент на Универзитетскиот колеџ во Лондон ги следеше удбините на рестораните што беа отворени во Њујорк во 2000-14 година и добиле позитивна критика од Њујорк Тајмс. Тој откри дека, од оваа перспективна група, рестораните кои добиле Мишелин ѕвезда имаат поголема веројатност да се затворат во годините што следеа, отколку оние што не биле вклучени во водичот на компанијата која произведува автомобилски гуми.

Во истражувањето биле земени предвид факторите како што се локацијата, цената и видот на кујната. 40% од рестораните наградени со ѕвезди на Мишелин во периодот 2005-14 година биле затворени до крајот на 2019 година.

Ѕвездата на Мишелин го зголемува публицитетот: студијата покажа дека интензитетот на пребарувањето на Google се зголемил за над една третина за рестораните со ново означени ѕвезди. Но, таа слава има своја цена. Клиентите на рестораните се менуваат. Да се ​​биде во центарот на вниманието ги зголемува очекувањата на гостите и носи туристи од подалеку. Задоволувањето на поголемите барања на гостите натрупува нови трошоци. Второ, наградата става мета во форма на ѕвезда на грбот на рестораните.

Бизнисите со кои се занимаваат, како што се добавувачите на состојки и сопствениците, ја користат можноста да наплатат повеќе. Готвачите, исто така, сакаат нивните плати да го одразуваат признанието и имаат поголема веројатност да бидат барани од конкуренцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни