„Да не талкаш на Сретение“ – студентите објавија водич за протестот

Студентите од Универзитетот во Крагуевац, кои ја организираат големата блокада и протест на Денот на државноста, не само заради своите колеги од другите универзитети, туку и заради граѓаните од цела Србија, објавија водич и прецизен план за 15-часовниот протестен настан.

На просторот каде што ќе се одржи протестот се обележани:
Булеварот Лепенички, кој ќе биде блокиран од 9:00 до 00:07 часот – симболично 15 часа блокада за 15-те жртви во трагедијата во Нови Сад.
✅ Брзи ленти, како и мобилни и стационарни граници на протестот.
Локации за бината, платното, детската зона, пунктовите за храна, вода и донации, медицинскиот пункт, работилници за печатење маици, микс-зоната и тампон-зоната.

Оддавање почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад ќе се одржи два пати – во 11:52 и во 23:52 часот.

„За полесно снаоѓање на протестот, можете да ја користите нашата мапа. Исто така, ве информираме за правилникот – што треба да правите и што да понесете, за да бидете што подобро подготвени. Сè важно е обележано, а нашите редари ќе ви стојат на располагање. Се гледаме!“ – порачаа студентите од Крагуевац на своите профили на Instagram.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни