Search
Викторија Постоловска, Студентска правобранителка на Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје

Да го развиеме автентичниот глас на младите и да се избориме за инклузивно општество

Ако користењето на европските фондови и  градењето на европски цели преку европски оранизации и проекти не придвижат од овие колективи кои реално нас ништо не ни донесоа, тогаш сметам дека европските проекти треба да имплементириаат во нашата држава осебно ако им овозможуваат на младите да излезат од границата и да искусат како е надвор, а потоа да направат разлика меѓу тоа што е конструктивно а што труло, па конструктивното да го имплементираат тука и се борат за подобро утре, вели Викторија Постоловска, Студентска правобранителка на Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје, која неодамна се врати од Хаг како дел од Еразмус плус проектите.

Јас многу јавно кажувам дека се водам од некои про европски принципи и вредности .Престојот во Хаг беше  фантастично искуство за мене како млад човек и како студенстки правобранител, затоа што на таквите Еразмус собири владее еден  фанстастичен дискурс кој промовира прогресивни колективи и на некој начин промовира сплотеност. Се работи за едномесечен престој кој што буквално  може да ти го смени животои и да ти вдахне некои нови вредности, некои нови методи на функционирање , на просвета и слично кои ти надежно ќе ги имплементираш во својата академска заедница утре – смета Викторија.

Оваа исклучителна млада девојка која пред неколку месеци беше избрана за студенства правобранителка, во себе ја носи желбата и борбата на студентите за промени. За брза транзиција од системот кој некогаш нуди малку за младиот човек во земјава. Само со постојан бунт и борба можеме да ги менуваме работие, вели Викторија.

-Се плашам од стагнација и се плашам да не дадам отпор таму каде што се чувствувам на некој начин неудобно, незаштитено и неслушнато и затоа веројатно се кандидирав за студенстска правобранителка. За мене можеби најголем проблем е апатијата на самите студенти. Сигурна сум дека во оној момент кога студентите ќе сфатат од кое значење е општествената улога која тие ја играат како академски граѓани, мислам дека тогаш ќе има придвижување. Меѓутоа се плашам дека студентите се навикнати на еден вкоренет систем на функционирање, на некои застарени методи на просвета, методи на општа функционалност. Се привикнале на нив,сфатиле дека тие се многу време одржлини и не веруваат на себе си и во моќта која тие ја имаат за промена на таквите системи кои се деструктивни и регресивни на некој начин- смета Викторија.

И токму во оној момент кога студентите ќе се разбудат од таа апатија која се метастазира долж УКИМ, а и не само УКИМ туку и во високото образование, работите во земјава  ќе почнат да се менуваат, вели Викторија.

-Младите луѓе буквално никнуваат како лалиња од под рушевините на еден систем кој е во распад и заради тоа сметам дека се плашат дека ако се побунат за нешто, ќе бидат замолчани и тоа многу се случува не само кај на Балканот, туку и општо во светот. Младите се замолчани. Младите се дијагностицирани како пасивни набљудувачи, како Тик-Ток генереација. Како луѓе кои немаат свое ЈАС, кои се отуѓуваат од колективот и слично. Токму со тие епитети младите се соживуваат и баш поради тоа се плашат да отстапат од таа патека и да превземат нешто што може да донесе промена – вели Викторија.

 И току затоа она што постојано го нагласува е дека на младите луѓе треба да им се даде простор, треба да им се даде доверба и треба да се смени начинот на кој тие се адресирани, а потоа и да се смени начинот на кој се дискутираат работи со нив.

-Да го развиеме тој автентичен глас, тој автентичен младински глас, таа автентична младинска мисла и да се избориме за едно инклузивно општество – порачува Викторија чиј автентичен глас и мисла допрва ќе ги слушаме.

Најново

Последни колумни