Како што претходно споделивме, македонската културна иницијатива со големо значење за независната сцена и јавните простори во земјава, е номинирана за престижната европска награда New European Bauhaus vo категоријата ,,Враќање на чувството на припадност.
КомшиLOOK не само што овозможува децентрализација на културата во Скопје, туку и активно ги преиспитува односите на луѓето во заедницата и начините преку кои уметноста успева да ги поврзе. Оттаму, нејзиното препознавање е од големо значење за афирмирањето на подобри и поправедни општества. Нејзиното препознавање во европски рамки е од големо значење за нашата сцена и нејзиниот развој.
Активностите на KoмшиLOOK покажуваат во континуитет дека автентичното поврзување на околината и уметничките пракси треба да се случува колку што може непосредно, а изборот на локациите е доказ дека тимот навистина знае како тоа треба да се направи.
Она што можеме да го направиме за да ја поддржиме иницијативата во моментов е да гласаме за неа преку онлајн гласањето отворено до 10 јули, на многу едноставен начин.
Кликнете на опцијата „Vote Now“
Изберете „I want to participate“
Внесете ја вашата е-пошта
Проверете го пристигнатиот мејл и гласајте за КомшиLOOK
Да помогнеме оваа одлична иницијатива да биде препознаена заслужено и во европски рамки со нашиот глас и придонес.