„Сестрите од долината“ се вернички и посветени како и сите други калуѓерки, но сепак тие не се на никој начин поврзани со Католичката црква. Наместо тоа, нивната посветеност е на канабисот. Тие ги поминуваат деновите одгледувајќи и пушејќи канабис и подигнувајќи ја свеста за неговите лековите моќи.
Калуѓерките не се „невешти стонерки“, според нивната основачка сестра Кејт, туку „сериозни жени со сериозна работа“. Нивните денови поминуваат одгледувајќи неколку лековити соеви на нивната фарма во Калифорнија, кои ги продаваат преку нивната онлајн продавница во форма на разни креми и екстракти. Додека тие се нарекуваат себеси нерелигиозни, со канабисот тие се однесуваат како со свето нешто: нивниот процес на растење се усогласува со циклусите на месечината, а растенијата се берат на начин што може да се нарече формална церемонија.

Според новинарите и фотографите на VICE, кои поминале доста време со овие калуѓерки, тие не се обични калуѓерки, а сестрата Кејт, која е лидерка на групата ја опишуваат како совршен микс на лидер на хипи култ и мегаломанска директорка на корпорација.
„Сестрите од долината“ не припаѓаат на ниту една група, а сепак се облекуваат како калуѓерки и ја ценат духовноста. Тие се и активистки во кампањата за нормализирање на консумирањето на канабис, иако во нивната работа често се соочуваат со легални пречки.

Локалните јуриздикции неколку пати ја забранувале нивната операција за одгледување на канабис, а сајтовите каде што ги продаваат своите производи привремено ги затворале нивните продавници. Сепак, ваквите пречки не ги демотивирале „Сестрите од долината“. Тие добиле дозвола за одлгедување на медицински канабис и продолжуваат со нивниот активизам за поголема нормализација на канабисот во САД.
Извор: VICE