„Д Џитерс“ нов стрип на Стефан Николовски

Станува збор за жанровски антолошки стрип, збирка од четири различни приказни, во кои протагонистите ги занемаруваат последиците предизвикани од нивните исполнети желби.

Денес со почеток во 20 часот, во просториите на „ОРО Радио Бар Галерија“ ќе биде промовиран стрипот „Д Џитерс“ („The Jitters“) од Стефан Николовски, работен според негово сценарио и цртеж.

Станува збор за жанровски антолошки стрип, збирка од четири различни приказни, во кои протагонистите ги занемаруваат последиците предизвикани од нивните исполнети желби.

Преку наивното вкусување на четири бонбончиња отпочнува серијата на кошмарни настани кои оживуваат потиснати трауматични спомени ширејќи одмаздољубие, своевидно љубовно писмо до хорор жанрот.

„Стрипот на Николовски е уникатно остварување во домашната стрип сцена, со евидентен креативен потенцијал, нескротливата имагинација и посветеност во создавањето на мозаик од приказни, кои на ефективан начин ги доловуваат слабостите на модерниот човек. Ова дело е исчекор за домашниот стрип кој ќе го доближи до западниот свет, затоа што неговиот автор се изразува на јазик кој е разбирлив за светските познавачи на жанровскиот стрип“, изјави критичарот Златко Ѓелески. 

Промоцијата ќе биде збогатена со изложбата „Ул.Чудни карактери бр.6“ на Симона Новаковиќ и Петар Миљковиќ, тетовирање во живо од „Eternity Tattoo“ од Скопје и „EOS INK“ од Шпанија, тематски коктели, диџеј сет и маскембал по повод „Денот на вештерките“.

Стефан Николовски е домашен стрип артист и илустратор, кој зад себе има неколку од стрип наградите „ЛИФТ“, и креирано неколку стрипови. Но најпознат е по тоа што има работено на анимираниот спот „Лоши навики“ на Ед Ширан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни