Д-р Огњеновиќ: Мастурбирањето е половина здравје

Карциномот на простата почесто се јавува кај постари мажи кои останале без сопругите и кои долго време немале односи, поради што докторот Дејан Огњеновиќ препорачува редовна мастурбација.

„Доколку резервоарчето каде што се чува спермата го празниш редовно, ти ги тераш тестисите да продуцираат нова сперма, која што пак ќе се качи во резервоарчето. Значи ти ја одмараш простата, не ја замараш. Проблемот е кај луѓе коишто немале со години однос“ вели доктор Огњеновиќ во поткастот на Сител.

Докторот додава дека процентот на карцином на простата е поголем кај овие мажи, на кои им починале сопругите или останале сами и немаат редовни односи.

„Редовно празнење на тоа резервоарче е пола здравје. Тоа е точно“ вели доктор Огњеновиќ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни