Во време кога кардиоваскуларните заболувања остануваат водечка причина за смртност, кардиохирургијата претставува една од најкритичните и најкомплексни медицински дисциплини. Разговараме со д-р Марјан Шокаровски, кардиохирург и дел од тимот што ја испиша историјата со првата трансплантација на срце во Македонија. Во ова интервју, тој отворено зборува за предизвиците на професијата, трансплантациите, минимално инвазивните интервенции и реалната состојба на македонската кардиохирургија — од операционата сала до системските слабости.

Tрн: Кои се најголемите предизвици за еден кардиохирург во Македонија денес?
Д-р Марјан: Кардиохирургијата сама по себе преставува една од најтешките и најзахтевни гранки во хирургијата и општо во целата медицина. Кога зборуваме за операција на отворено срце, тогаш мора да знаеме дека тоа е пумпата која го движи целиот организам и го одрзува во некоја нормала. Кога срцето е болно, многу често гледаме и нарушување или намалување на неговата пумпна сила што секако влијае и на состојбата на другите органи и системи. Многу често пациентите не се свесни дека нивната состојба е влошена не само поради дирекно заболување на срцето него и индирекно поради нерегуларна функција на други одредени системи и органи,кои поради намалена перфузија имаат нарушена функција. Делот на подготовка на пациентите за да имате успешен оперативен зафат преставува основен предуслов за успех и мислам дека тој дел е и најголемиот предизвик,да го доведеш пациентот во доволно добра предоперативна состојба за успехот на операцијата да биде совршен.
Tрн: Дел си од од тимот што ја изведе првата (и сите останати) трансплантации на срце во земјата. Како изгледаше тој момент од внатре, од перспектива на хирург?
Д-р Марјан:Трансплантационата хирургија преставува посебна гранка од медицината и нејзиното значење може да се толкува како револуционерно бидејќи на пациентите им нуди повторна шанса да продолжат со релативно нормален живот. Моето искуство со овој дел на кардиохирургијата започна уште на Клиниката за кардиохирургија Ребро во Загреб,која преставува еден од водечките центри во Европа и светот по бројот на направени трансплантации по глава на жител. Таму се стекнав со соодветните вештини за изведување на техничките делови на истата,меѓутоа чувството при изведувањето на првата трансплантација во нашата држава беше навистина неповторливо,знаејќи дека со тој чин се испишува историја и се стартува со еден процес кој во иднина ќе ја стави државата во релативно мал круг на привилегирани држави кои на своето население им ја нудат оваа исклучителна можност за иозлекување.

Трн: Што е најкритичното во една трансплантација на срце – подготовка, самата операција или постоперативниот период?
Д-р Марјан: Во процесот на трансплантација на срце,викам процес бидејќи тој се иодвива во повеќе фази секоја од нив е исклучително значајна и доколку било која од нив не е соодветно изведена може да доведе до неповолен исход. Така во првата фаза на припрема на пациентите исклучително е важно оптимизирана терапија и грижа за пациентот,како тој би бил во најдобра можна кондиција да го издржи оперативниот зафат. Самиот процес на трансплантација се состоји од две операции, експлантација која мора перфекно да биде изведена како не би се оштетил органот кој треба да биде трансплантиран и инплантација на истиот со совршена хируршка техника. Постоперативно пациентот мора да биде соодветно мониториран и согласно потребите мора да се титрира внесот на течности,лекови и исхрана на организмот како би го поминал иницијалниот шок од самата операција. Затоа овој процес преставува тимска работа која заедно ја изведуваат хирурзите,анестезиолозите,кардиолозите,сестрите и целиот помошен персонал.
Трн: Која е најголемата лекција што ја научи од трансплантациските случаи во кои учествуваше?
Д-р Марјан: Постои една многу позната изрека на Бенџамин Франклин која често се користи во нашата пракса која вели
If you fail to prepare,you prepare to fail
Што во слободен превод би значело дека секоја интервенција ,не само трансплантацијата мора добро да биде испланирана, да се предвидат сите можни препреки како би можеле успешно да ги совладаме,да сме спремни на секој можен начин за секое сценарио.

Tрн: Дел си од иновативни минимално инвазивни интервенции. Колку вакви пристапи се применуваат во Македонија и како ги менуваат резултатите кај пациентите?
Д-р Марјан: Со минимално инвазивните процедури на нашата клиника започнавме поинтензивно да се бавиме во изминативе 3 години,користејќи алтернативни места за пристап како би ја заштедиле градната коска,која има посебено значење за запазување на стабилноста и интегритетот на градниот кош, а со тоа се значително се олеснува рехабилитацијата и враќање во нормален живот на пациентот. Тоа е важно од здравствен,социјален и економски аспект. Со воведувањето на овие интервенции се скратува времето на престој на пациентот во болница,се скратува периодот на намалена или ограничена работоспособност и се олеснува неговото нормалното функционирање. Во последно време најчесто користе минимално инвазивен пристап преставува трансаксиларниот,кој со добра предоперативна припрема ни овозможува преку еден рез од 4-5см на страничниот дел од градниот кош,со минимален естетски ефект да направиме операции на замена или поправка на валвулите на срцето. Се почесто овие интервенции ги изведуваме преку ваков пристап.
Трн: Како ја оценуваш моменталната состојба на кардиохирургијата во државата — каде сме најсилни, а каде најмногу заостануваме?
Д-р Марјан: Кардиохирургијата во нашата држава одсекогаш преставувала тема високо поставена во јавноста,понекогаш употребена во позитивен призвук но и многу често злоупотребувана и проткаена со многу мистичност а и дезинформации. За разлика од многуте развиени држави кај нас патот на развој бил малку поинаков, во него биле вклучени многу индивидуи од земјава но претежно од странство и долго време имало а и сеуште има центри на моќ кои не сакаат многу да слушаат дека има врвни македонски кардиохирурзи,кои можат да ги извршат и најкомлицираните опишани процедури со перфектен исход, но повеќе им одговара да се уважуваат странски доктори кои во ниеден аспект не се подобри од домашните. Инаку во моментов има доволно обучен и истрениран кадар кој може комлетно да одговори на сите предизвици кои се бараат од модерната кардиохирургија и медицина. Системски и брз мултидисциплинарен пристап кон пациентите, побрза дијагностика и оптимизиње на протоколите за лечење се предизвиците со кои во иднина треба да се соочиме за да практикуваме најквалитетна медицина базирана на докази.
Tрн: Како се менува кардиохирургијата во Македонија од моментот кога започна да работиш до денес?
Д-р Марјан: Кардиохирургија кај нас можеби е и лидер во прифаќањето на модерните светски стандарди со следење на современите препораки дадени од Европските и Америчките асоцијации за кардиоторакална хирургија кои вклучуваат индикации,предоперативна оптимизација,оперативен третман и постоперативно водење на пациентите.На нашата клиника ригорозно се следат истите и се поставува стандардизација која сите колеги без исклучок мора да ја следат. Така да тоа не го гледам како промена,туку како континуиран процес на подобрување на квалитетот на третман на пациентите.

Tрн: Кој случај или пациент најмногу емоционално те обележал во кариерата и што те мотивира да продолжиш да оперираш и покрај сите предизвици во системот?
Д-р Марјан: Искрено има повеќе случаи кои се длабоко врежани во мојата меморија,некои поради емотивните моменти, некои поради комплицираноста на самиот наод,некои поради реткоста која се гледа во светски рамки. Не би издвојувал никој посебно,само би кажал дека секој еден пациент остава некаква трага која ние често си ја носиме доживотно. Одлуките кои некогаш мораме да ги носиме во моментот често остануваат да се анализираат и мерката на успешност зависи од исправноста на носење права одлука во прав момент. Насмеаните лица на пациентите и нивните семејства,беспрекорната благодарност после добро завршената работа,ослободувањето на емотивниот набој и среќа кога знаеш дека некому си го спасил и продолжил животот, а со тоа си ги израдувал и утешил семејствата на тие пациенти се мотивот кој го движат моторот напред. Овој народ заслужил да добие најдобра кардиохируршка грижа,за тоа ние секојдневно се бориме,понекогаш жртвувајќи многу работи од животов, семејствата, пријателите и едноставно нашето слободно време.
