Д-р Драган Даниловски: „Рубиконот е преминат“ – алармантна состојба со јавната хигиена во Скопје

Епидемиологот Драган Даниловски предупредува на јавноздравствен колапс во Скопје поради натрупани ѓубришта и појава на глодари. „Каснувањето на дете од глушец е црвена линија што не смееше да се премине,“ вели тој и бара итна институционална реакција.

Во Скопје последниве месеци, а особено години, сме сведоци на состојба што сериозно го доведува во прашање јавноздравствениот минимум на еден модерен град, предупредува епидемиологот д-р Драган Даниловски на својот ФБ профил.

„Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ практично не функционира, а купишта ѓубре се натрупани околу контејнерите. Ова веќе не е прашање на естетика или урбан ред, туку на јавно здравје,“ вели Даниловски.

Тој предупредува дека состојбата кулминирала со инцидент во кој дете било каснато од глушец во училишен двор во близина на насобрано ѓубре. „Тоа не е повеќе инцидент, туку симптом на системски распад,“ истакнува тој.

Според Даниловски, ваквите услови создаваат идеална средина за ширење на заразни болести како лептоспироза, хантавирус и бубонска чума. „Купиштата ѓубре создадоа идеални услови за развој на глувци и стаорци. Прашање е колку ли се накотени досега, кога условите се оптимални, а сметот се натрупува со месеци,“ предупредува тој.

Каснувањето на дете од глушец во училишен двор е црвена линија што не смееше да се премине. Преминат е Рубиконот. Нема назад,“ нагласува Даниловски.

Тој апелира за итна, координирана интервенција на сите надлежни институции, со можност и за прогласување вонредна состојба на делови од градот, со цел дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Причините – организациски, политички или финансиски – стануваат ирелевантни кога се доведува во прашање здравјето на децата. Правото на здравје е уставно загарантирано право на секој граѓанин,“ потенцира Даниловски.

Линк до статсот на др Даниловски на ФБ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни