Цвеќиња што цветаат на есен: Овие 7 раскошни растенија ќе го направат вашиот балкон и двор магични

Есента тропа на вратата и добро е да знаеме кои цвеќиња можат да ги разубават нашите балкони или дворови. Постојат седум раскошни растенија кои се погодни за есенската убавина.

1. Златник

Светло жолто едногодишно растение кое цвета од април до октомври. Потребно е да се отстранат исушените цветови за да биде секогаш во полн сјај.

2. Хризантема

Симбол на есента што се појавува во бела, розова, црвена и жолта боја. Не е пребирлива за одгледување и идеална за долги, ладни денови.

3. Фуксија

Препознатлива по своите цветови во облик на ѕвонче. Постојат стотици видови и прекрасно се вклопува со далии и други украсни растенија.

4. Космос

Нежен цвет што може да порасне до 2 метри. Потребна му е потпора бидејќи неговите стебла се кршливи, а цвета од јули до октомври.

5. Црноока Сузан

Наликува на мал сончоглед, се појавува во жолта, розова и црвена боја. Лесно е да се одгледува во градината или во саксија, но е подложно на гниење на листовите.

6. Астер (Убавага Ката)

Цвет што им носи боја на есенските денови. Издржлив и благодарен, цвета до првите мразеви.

7. Далија

Вистинската кралица на есента со цвеќиња во топли тонови. Тие се погодни и за букети, а најдобро растат на сончево место со потпора.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни