Цветковиќ: Министерството за образование не го води ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту министерката Јаневска

Во шорткастот „Што има ново?“ на ИМА со Петрит Сарачини, гостинката Ирена Цветковиќ, доктор по родови студии и истакната активистка за родова еднаквост, зборуваше за измените на Законот за основно образование и Законот за учебници со кои се бришат темите за сексуално и репродуктивно здравје и родовата еднаквост, со што, според експертите и граѓанските организации, се озаконува дискриминацијата и насилството во образованието.

„..Во овој момент, јас не мислам дека Министерството за образование и наука го води ниту оваа влада, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту го води министерката Јаневска. Во овој момент Министерството за образование и наука го водат четири пет ликови со име и презиме, а тоа е Гордана Гоџо, Златко Бучковски, Љупчо Ристевски од Евангелската црква и Аргрита Атева, нашинка од Австралија…Како стигнаа овие неколкумина луѓе, со поддршка на одредена една фракција од Македонската православна црква заедно со Евангелската, да станат и посилни и од партијата којашто е на власт, е прашање со коешто ќе треба да се бават безбедносните структури тука. Она што е проблематично е што овие четворица – петорица луѓе коишто ја формираа таа Коалиција за заштита на децата се луѓе од партијата „Десна“, на Палчо, коишто заедно со Палчо седат на свои подкасти и зборуваат за заштита на децата. Оттука станува збор и за многу проблематични групи по однос на демократијата, но јас би рекла и криминални групи. Па во таа смисла, патриотска должност на секој граѓанин на оваа земја е да го одзароби министерството, да ја одзароби власта, да го одзароби образованието“, заклучува Цветковиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни