ЦУК- Во моментов два пожари во Македонија: Гори Готен и кај село Стровија

Гори во општина Берово и тоа планина Готен кон Малешевските планини и општина Долнени – с. Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало

Денеска има два пожари во Македонија. Гори кај Готен од страната на Берово, и кај општина Долнени. Но и двете жаришта се држат под контрола, информираат од ЦУК.

Гори во општина Берово и тоа планина Готен кон Малешевските планини (бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација) и општина Долнени – с. Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума), информираат од ЦУК.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни