ЦУК: Состојба по обилните врнежи од дожд

Претставници од локалната самоуправа и Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и ја следат состојбата

Кичевски регион – Во текот на ноќта, обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на Зајашка река на улица „Прилепска“ во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Извршена е евакуација на околу 180 лица, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“.Регистрирано е и заезерување на улица „29 Ноември“ во населбата Подварош, при што се поплавени подрумски простории во повеќе објекти. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево.

На терен интервенираат екипи на ОВР Кичево, ЈП „Комуналец“ и други надлежни служби. Известени се градоначалникот на Општина Кичево и Дирекцијата за заштита и спасување.

Во 10:00 часот раководителот на РЦУК – Кичево одржа состанок во Општина Кичево, по што беше организирана достава на храна и вода за евакуираните со помош на тимовите на Црвениот крст. Од Скопје се упатени дополнителни тимови со ќебиња, душеци, кревети и друга неопходна помош.

Според досегашните информации, нема животно загрозени лица, но превентивната евакуација продолжува. Врнежите и понатаму се интензивни, а состојбата внимателно се следи.

Скопски регион – Во текот на претпладневните часови, преку бројот 112 се примени повеќе пријави од граѓани.

Пријавени се:поплавени дворни места во село Идризово (Општина Гази Баба),поплавувања во село Буковиќ (Општина Сарај),поплавено дворно место и подрум во село Зелениково (Општина Зелениково),поплавено дворно место во населба Радишани (Општина Бутел).

Сите пријави се проследени до надлежните општини, извршен е увид на терен и се преземаат мерки за санирање на последиците.

Тетовски регион – Преку бројот 112 е пријавено свлечиште на патниот правец Тетово – село Џермо, поради што патот е блокиран за сообраќај. Известени се РЦУК – Тетово, ЈКП Тетово и полицијата.

Од 07:45 часот на патот Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси поради врнежи од снег.Во однос на водостојот, засега нема зголемување на нивото на реките и не се очекува нивно излевање.Снабдувањето со електрична енергија и вода за пиење е редовно.

Гостиварски регион – Во Гостивар и околните населби пријавени се поплавувања на куќи во село Беловиште, како и во населбите Циглана и Бањечница. Пријавен е и затрупан канал во село Балиндол, при што се поплавени неколку куќи.

Во една од поплавените куќи во Беловиште биле заглавени две деца и нивната мајка. За случајот веднаш се известени ТППЕ Гостивар и ОВР Гостивар.

Поплавите се резултат на излевање на Сушичка Река и затрупани канали. Планирано е ангажирање механизација за расчистување на теренот. Претставници од локалната самоуправа и Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и ја следат состојбата

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни