ЦУК: Регистрирани три пожари на отворено, еден е активен

Едниот изгаснат пожар бил на територија на општина Битола, во подрачјето на село Српци, каде била опожарена ниска вегетација
Фото: ЦУК

На територијата на државава до 12 часот регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор. Во моментов активен е еден пожар, а другите два се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.

Активниот пожар е во резерватот „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума.

Едниот изгаснат пожар бил на територија на општина Битола, во подрачјето на село Српци, каде била опожарена ниска вегетација. Другиот пожар избувнал на депонија во село Банско, општина Струмица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни