ЦУК: Пет активни пожари на отворен простор, 19 изгаснати до утрово

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на ноќта и до утрово, 14 јули 2025 година, во државата се евидентирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои пет се сѐ уште активни, а деветнаесет се изгаснати.
epaselect epa12226474 A plume of smoke rises from a fire in a scrap metal dump on the northern outskirts of Skopje, North Macedonia, 09 July 2025. EPA/GEORGI LICOVSKI

Моментално се води борба со пожари на пет локации: во општина Дојран, во атарот на селото Николич каде што гори нискостеблеста шума; во општина Чучер Сандево, село Горњани, исто така во нискостеблеста шума; во општина Велес, кај селата Џидимирци и Крушје, каде што гори мешана шума; во општина Македонски Брод, во поширокиот простор меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина, каде што е зафатена дабова шума, грмушки и ниска вегетација; и во општина Прилеп, во населбата Три Багреми, каде што гори ниска вегетација.

Во ниту една од овие локации пожарите не се ставени под контрола, а екипите на терен работат на нивно локализирање и гаснење. Од ЦУК информираат дека ситуацијата е динамична и бара постојано следење и брза координација на сите надлежни служби.

Истовремено, до утрово се изгаснати деветнаесет пожари во повеќе општини низ државата. Меѓу нив се вбројуваат пожарите во скопската општина Гази Баба, кај гробиштата Камник и на улицата Душан Тавковиќ; во Прилеп, покрај патот кон Битола и кај селата Лажани и Ропотово; во Ресен, кај селото Перово; во Охрид, кај селото Оровник и во населбата Далјан; во Виница, село Ласки; во Куманово, во кругот на ФЗЦ, кај Пармакови ниви и село Умин Дол; како и во Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце, Тетово, Гостивар и Шуто Оризари.

ЦУК повторно апелира до граѓаните да внимаваат при движење и престој во природа, да не палат отпад и стрништа, и во случај на забележан пожар веднаш да ја известат противпожарната служба или да се јават на бесплатниот број 112. Укажуваат дека одговорното однесување е клучно за спречување на нови пожари и за заштита на животите, имотот и природната средина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни