Несреќата беше пријавена во СВР Скопје во 16 часот и како што соопшти МВР претходно на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар.
Извлечено е возилото кое попладнето излета во Вардар во близина село Рашче и од него се извадени телата на три лица. Потрагата по можно четврто исчезнато лице продолжува, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Претходно МВР информираше дека случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје и е во стабилна и во контактибилна состојба.
Во извлекувањето на автомобилот беше вклучена екипа на САЕ Тигар.
Трите тела кои вечерва беа извадени од излетаниот автомобил во Вардар кај Рашче, се на женски лица, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.