ЦУК: Нивото на реките повторно е во пораст

Од ЦУК соопштуваат дека поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа, на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките

Центарот за управување со кризи (ЦУК) излезе со вонредна информација за состојбата до 10.30 часот денеска.

Од ЦУК соопштуваат дека поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа, на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Состојбата се следи континуирано, а надлежните служби постапуваат согласно потребите на терен.

Кумановски регион

На подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање.

Во Општина Кратово, поради повремени врнежи од дожд, зголемено е нивото на Кратовска Река и Крива Река, без излевање.

Пелагониски регион

Битола:
Регистриран е одрон на магистралниот пат Е-65, за што е известено ЈП „Македонија пат“ – Битола.
Забележано е излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа, за што е известено ЈП „Нискоградба“ – Битола.

Новаци:
Нивото на Црна Река изнесува околу 280 см.

Во Демир Хисар зголемен е водостојот на реката Црна, без значителни излевања.

Охридско-кичевски регион

Во Кичево евидентирани се 250 евакуирани лица, односно 63 семејства, на кои им се обезбедува храна, вода и неопходна поддршка.

Екипи на комуналните служби работат на расчистување и продлабочување на речното корито на Зајашка Река, како и на чистење на канализационата мрежа.

ТППЕ врши испумпување на вода од подруми на повеќе улици по пријави од жители.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни