Од нив, четири пожари се сè уште активни, додека осум се успешно изгаснати.
Меѓу активните пожари, најсериозни се оние во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина. Активни пожари се пријавени и во општина Велес, во близина на селата Џидимирци и Крушје, каде што гори мешана шума.
Дополнително, пожар е активен и во општина Чучер Сандево, во село Горњани, каде што гори нискостеблеста шума. Слична состојба е и во општина Дојран, во село Николич, каде што исто така е зафатена нискостеблеста шума.
Од друга страна, од ЦУК информираат дека се изгаснати осум пожари на различни локации. Во Прилеп, во населбата Три Багреми, е изгаснат пожар во ниска вегетација. Во општина Виница се изгаснати два пожари – во селото Драгобрашта, каде што горела деградирана ниска вегетација, и во селото Лески, каде што било запалено ѓубре.
Пожари се изгаснати и во село Војшанци, општина Демир Капија, како и во село Франгово, општина Струга, каде што било запалено стрниште. Во Липково, во село Отља, и во Тетово, во селата Пршове – Јегуновце и Стримница – Фалиште, се изгаснати пожари во деградирана ниска вегетација.
ЦУК апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при движење и активности во природа, особено во услови на високи температури и суво време, кое значително го зголемува ризикот од појава и ширење на пожари.