ЦУК: Активни пожари во „Јасен“ и во село Калдирец на планината Китка

 До 18 часот на територија на цела држава регистрирани се осум пожари на отворен простор. Од нив два се активни: во повеќенаменско подрачје „Јасен“, каде е зафатена мешана шума и во село Калдирец, на планината Китка во општина Студеничани, каде гори мешана вегетација.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се шест пожари на територија на општините Битола, Струмица, Брвеница, Арачиново, Прилеп и Кавадарци.

Во меѓувреме директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека состојбата со пожарот во Јасен се влошува и оти огнот на едно место се искачил до гребенот, но оти со брза интервенција е запрен. 

„Состојбата на пожарот во Јасен повторно се влошува. Огнот тргна нагоре по гребенот. Се приближи кон зелениот пат кој ни е линија на одбрана за да не се префрли од другата страна. Овде се вработени во Јавното претпријатие Јасен поддржани од пожарникари од Македонски Брод, како и возачите и пинцгауерите на ДЗС“, изјави Ангелов. 

Според информациите од Центарот за управување со кризи, до 18 часот на територијата на државава има вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се два, а изгаснати се шест пожари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни