Поради интензивните врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и општина Тетово, се појавија проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Како резултат на тоа, се создадоа локви и задржување на вода под подвозниците и надвозниците, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при движење низ улиците и да избегнуваат сообраќај кон погодените делови од патната инфраструктура.
Надлежните служби се на терен и активно работат на решавање на проблемите.
