Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје објави јавен повик за поддршка на локални иницијативи кои ќе се реализираат во првата половина на 2026 година. Повикот е наменет за заедници низ цела Северна Македонија, со посебен акцент на села и населени места со помалку од 15.000 жители.
На повикот можат да аплицираат неформални групи, месни заедници, невладини организации, локални уметници, граѓански иницијативи (активни и неактивни), како и формални и неформални локални друштва.
Под поимот локални иницијативи се подразбираат културни, развојни и проблемски ориентирани активности кои имаат за цел да го поттикнат граѓанското учество, самоорганизацијата и активирањето на локалните потенцијали преку настани, акции или програми на ниво на заедница.
Што се поддржува?
Се поддржуваат иницијативи кои:
- го поттикнуваат граѓанското учество и самоорганизацијата,
- создаваат локални настани, акции или програми,
- ги препознаваат и активираат потенцијалите на заедниците,
- придонесуваат кон видливост, препознатливост и одржлив локален развој.
Избраните иницијативи мора целосно да се реализираат најдоцна до август 2026 година.
Финансиска поддршка
ЦСУ – Скопје ќе поддржи најмалку две локални иницијативи, со финансиски износ до 50.000 денари по иницијатива. Покрај финансиската поддршка, ЦСУ обезбедува и логистичка, стручна и техничка поддршка, како и покривање на трошоците за реализација. Подносителите се охрабруваат да обезбедат и дополнителна поддршка од други извори.
Како да се аплицира?
Рокот за аплицирање е 28 февруари 2026 година.
Пријавата е достапна на www.cac.org.mk, а целосно пополнетата апликација треба да се испрати на: scca@scca.org.mk.
За дополнителни информации:
📧 scca@scca.org.mk, nikola@scca.org.mk
📞 02 3 133 541 / 070 270 064
