Овој месец тимот на ОХО продукција премиерно ја објави четвртата епизода од втората сезона, која носи наслов „Црвени сеќавања 2: Скопје е брутално“ разработувајќи ја темата за брутализмот во главниот град на Македонија.
Тие посетуваат повеќе објекти низ градот преку кои ја раскажуваат приказната за брутализмот заедно со соговорници архитекти, граѓански активисти, фотографи…
Серијалот „Радиус“ ги следи актерите Ана Стојановска и Дритон Вејсели како ја истражуваат природата, културата и историјата на Македонија и регионот.