Патиштата се мокри, влажни и лизгави, па од Хрватскиот авто-клуб апелираат возачите да бидат исклучително внимателни.
Во текот на денот се очекува нова нестабилност: дожд, на моменти и пороен, особено на подрачјето на Јадранот и крајбрежјето, додека во горските предели ќе паѓа снег. Впечатокот на зима дополнително ќе го засили силниот северен ветер, а на морето бората ќе засилува кон вечерните часови, предупредува метеорологот на N1, Теа Блажеиќ.
Орканска бура под Велебит, издаден црвен аларм
Во четврток продолжуваат зимските услови – нов снег во горските подрачја и дожд крај Јадранот. Најголеми проблеми на морето ќе ги предизвикува силната и бура, на моменти со оркански удари, особено подно Велебит. Поради тоа, Државниот хидрометеоролошки завод активираше црвен степен на Meteoalarm – највисоко ниво на предупредување.
Четврток ќе биде значително постуден.
Што следува во петок и за време на викендот
Во петок на крајниот југ можно е слабо врнење дожд, а на истокот и во планинските предели може да падне уште по некоја снежна пахулка, но најголемиот дел од земјата ќе биде сув.
За време на викендот се очекуваат повеќе сончеви периоди низ целата земја.
Извор: Index.hr
