Републичкиот Црвен крст соопшти дека досега се собрани околу 42,7 милиони денари хуманитарна помош за настраданите во пожарот во Кочани и нивните семејства и оти продолжуваат и понатаму со сите механизми за прибирање хуманитарна помош.

„Досега се обезбедни вкупно: 42.739.931,00 денари. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства“, наведуваат од Црвен крст.
Помошта може да се даде преку:
-Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
-Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком, А1 Македонија, МТЕЛ 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
-Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228 .