Цените на нафтата пораснаа по претходниот пад од два отсто, додека трговците ги проценуваа зголемените тензии на Блискиот Исток и случувањата поврзани со мировните преговори за Украина.
Цената на нафтата Брент порасна за околу еден отсто и достигна приближно 61 долар за барел, додека американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) забележа раст од околу два отсто, на околу 58 долари за барел, пренесува Trading Economics.
Немирите на Блискиот Исток, вклучително и саудиските воздушни напади во Јемен, како и иранската објава за „војна од сите размери“ против Соединетите Американски Држави, Европа и Израел, ги зголемуваат стравувањата од можни нарушувања во снабдувањето со нафта.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп ги опиша своите разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски како „голем напредок“, додека Зеленски изјави дека мировната рамка е речиси завршена, со околу 90 отсто договорени услови, иако клучните прашања сè уште остануваат нерешени.
Од друга страна, Кина објави планови за зголемување на фискалната потрошувачка во 2026 година, со фокус на економскиот раст, што би можело да доведе до зголемена побарувачка за нафта.
Сепак, цената на нафтата и понатаму е на пат оваа година да забележи пад поголем од 20 отсто, што би било најниско годишно ниво од 2020 година наваму, главно поради очекувањата за глобален суфицит во следната година
