„Црна?“ на Леона Јариќ- смел филм за работите кои го реметат животот

Ми се појави многу апсурдна слика во главата и се решив да ја реализирам. Мислам дека ако согледаме подлабоко сите во животот се наоѓаме во некаков егзистенцијален јазол кој не ни дава доволно време да се соочиме со настаните туку само ни го ремети секојдневието и бараме побрзо и поефективно решение. Токму таму лежи идејата на филмот

„Црна?“ е филм на Леона Јариќ кој победи на годинешниот 48 часовен филмски предзивик на фестивалот „Ѕирни“. Насоките беа да се создаде филм за 48 часа во кој ќе ги има зборовите кибрит, музеј и гитара. Четири филмски екипи со нивни продукции se се јавија на предизвикот и создадоа креативни и критични филмови во исто време. Млади филмаџии во трка со времето, со организацијата и со сопствениот ум, донесоа 4 интересни филма снимени за само 48 часа.

Идејата, вели Леона, ја развила веднаш после давањето на задачата и на зборчињата.

„Ми се појави многу апсурдна слика во главата и се решив да ја реализирам. Мислам дека ако согледаме подлабоко сите во животот се наоѓаме во некаков егзистенцијален јазол кој не дава доволно време да се соочиме со настаните туку само ни го ремети секојдневието и бараме побрзо и поефективно решение. Токму и таму мислам лежи идејата на филмот, човекот е толку запрепастен од чудната појава на својата глава која му го ремети животот што посегнува по решение кое можеби и нема да функционира за него.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни