Црногорската гранична полиција презела 2.407 репресивни мерки против странски државјани како дел од кампањата „Странец“ во ноември и собрала речиси 58.000 евра казни, се вели во соопштението на црногорското МВР.
При контролата на движењето, престојот и работата на странските државјани во Црна Гора, спроведени се 27 самостојни акции, додека 30 акции се спроведени во соработка со надлежните инспекциски служби.
Вкупно се донесени 197 одлуки за враќање на лица, 204 одлуки за откажување на престој до 90 дена, 22 одлуки за протерување на странци, 22 странски државјани се присилно отстранети и поднесени се 1.022 иницијативи за прекинување на привремен престој.
Поднесени се 924 прекршочни пријави и прекршочни налози против лица кои не се државјани, додека во исто време се наплатени 57.776 евра казни според издадените налози.
Во истиот период, осум странски државјани биле сместени во Прифатниот центар за странци, а 16 по брза постапка предадени на соседните земји.
