Вечерва во Струмица ќе започне 32. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.
Фестивалот ќе го отвори претстава „Црна дупка“ по текст на Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Оваа претстава во месец јуни, оваа година, на 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, беше наградена со наградата за најдобра претстава.
Наградени беа и актерот Васил Михаил за најдобра машка улога и актерката Анкица Бенинова за женска епизодна улога, соопштија од Театарот „Антон Панов“ од Струмица.