Црквата го финансирала ноќниот живот во Грција: Свештеници переле пари преку ноќни клубови

Грчкото обвинителство води истрага против вкупно седум лица за проневера на 3 милиони евра. Трансферите на пари маскирани како инвестиции траеле осум години, велат властите.
Фото: Nikos Koutoulas/Flickr

Двајца високи функционери на Католичката црква во Грција се под истрага од властите во Атина за наводна проневера на 3 милиони евра од црквата за да инвестираат во ноќни клубови.

Истрагата на грчката Управа за спречување перење пари – која откри дека парите на Католичката црква биле користени за финансирање на грчкиот ноќен живот – веќе ги замрзна банкарските сметки и имотот на пет сопственици на ноќни клубови во јужниот регион на Пелопонез.

Според пишувањата на грчките медиуми, случајот се враќа наназад пред осум години, кога се случила првата необична трансакција на еден од петте приватници, маскирано како обична инвестиција.

Најновиот сомнителен нелегален трансфер од 50.000 евра се случил пред само неколку дена.

Случајот, кој започна како случајна ревизија, е испратен до главното обвинителство за понатамошна кривична истрага. Обвинителството следно се очекува да ги испраша седумтемина за наводна проневера и перење пари и отворена постапка за кривично дело.

Како одговор на наводите, Католичката црква во Грција во соопштението во четвртокот рече дека не знаела за постапките на двајцата свештеници.

„По денешните извештаи во медиумите за проневера и перење пари, изјавуваме дека немаме официјални информации за ова прашање. Затоа, чекаме ажурирање од надлежните органи за да можеме да заземеме официјален став по ова прашање“, се вели во соопштението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни