Цревни бактерии може да предизвикаат промени на расположението, дури и депресија

Тим научници од Соединетите Американски Држави открија „веројатна причинско-последична врска“ помеѓу бактериите во цревата на луѓето и појавата на депресија.
Фото: polaristest

Истражувањето спроведено од тим од Универзитетот Харвард и Општата болница во Масачусетс укажува на „основните молекуларни механизми“ што ги поврзуваат цревната бактерија Morganella morganii и големото депресивно нарушување.

Објавено во списанието на Американското хемиско друштво, наодите го следат објавувањето на истражувањето во последниве години кое сугерираше само статистичка корелација помеѓу цревните бактерии и човечките фенотипови.

Истражувачите откриле дека хемикалијата диетаноламин или ДЕА, состојка во некои детергенти, понекогаш го зазема местото на шеќерен алкохол во молекула направена од бактерии во цревата, за возврат предизвикувајќи имун одговор кој води до ослободување на воспалителни протеини – цитокини.

„Постои поврзаност помеѓу цревниот микробиом со депресијата, а оваа студија оди чекор подалеку, кон вистинско разбирање на молекуларните механизми зад таа врска“, рече Џон Кларди од Харвард, кој посочи дека резултатите може да помогнат да се објасни депресијата, или барем некои случаи на депресија, да се класифицираат како автоинфламаторни или автоимуни болести и соодветно да се третираат.

Истражувачите вклучени во работата открија во минатото дека одредена цревна бактерија е поврзана не само со цревни состојби како Кронова болест, туку и со автоимуни состојби како лупус.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни