Црвен метео аларм во Хрватска: Оркански ветер, дожд и снег, следува драстично влошување на времето

Силен ветер, дожд и снег ја зафаќаат Хрватска. Издаден е црвен метeoаларм, со удари до орканска сила и пад на температурите.

По кратко затишје, пристигна најавената промена на времето ,со повеќе ветер, пониски температури и чести врнежи, а на повисоките места и снег. Уште од утринските часови, источниот дел на Хрватска ќе биде под облаци, со повремени слаби врнежи од дожд.

Северниот ветер постепено ќе засилува во западна Славонија ќе биде силен и во планинските региони се очекуваат и олујни налети

Температурите ќе се движат меѓу 3 и 8°C.

Слична состојба се очекува и во централните делови – облачно, ветровито и со повремен дожд, особено на истокот и југот.

Оркански удари и снег

Во планинските предели времето ќе биде најекстремно силен североисточен ветер на Јадранот силна бура и локално и оркански удари, особено под Велебит

Поради ова, DHMZ издаде црвен метеоаларм.

Во овие региони ќе има дожд на крајбрежјето,во планините ќе паѓа снег и лапавица, а снег е можен дури и во пониски предели

Температурите ќе се движат во планините: од -1 до 5°C, а на море: од 4 до 14°C

Далмација под удар на бура

Во Далмација ќе биде претежно облачно, со поголема веројатност за дожд на југ, силна бура со олујни удари.

Температурите ќе се движат меѓу 4 и 13°C.

Нестабилно време до крајот на неделата

Нестабилното и ветровито време ќе продолжи и во текот на неделата. На копно ќе дува умерен до силен североисточен ветер, во повисоките предели ќе има снег, а дожд најчесто на истокот и во внатрешноста на Далмација.

Кога ќе се стабилизира времето?

Кон крајот на работната недела се очекува постепено смирување. Во петок ветерот ќе ослабне, врнежите ќе престанат, а температурите ќе почнат да растат

На Јадранот, силната бура ќе се задржи до тогаш, но потоа ќе следи подобрување со повеќе сончеви периоди

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни