Црешите во Македонија станаа луксуз, а еве колку чинат во Хрватска, Италија и Грција

Откако се појавија првите цреши во Македонија, социјалните мрежи се преплавени со коментари за нивната „астрономска“ цена. Колку чинат црешите во Хрватска, Италија и Грција?


Цената на црешите во Македонија предизвика лавина реакции. Годинава цената е висока поради доцниот пролетен мраз кој ја уништи раната овошна берба. Додека ова сезонско овошје кај нас го третираме како луксуз, ниту во Хрватска и Италија не е поевтино.

Цената во Хрватска е околу 9,50 евра по килограм, а во Италија околу 9,30 евра.

Во Грција, на пазарите, црешите чинат од 1,5 до 3 евра.

Страницата Grčka info ги објави цените на прехранбените производи во Грција за 2025 година, кои, како што велат, го следат европскиот тренд и се малку повисоки од претходните години.

„Мнозина велат дека и покрај тоа, Грција сè уште е поевтина од Македонија“, се истакнува, со напомена дека цените на храната, производите и услугите варираат од место до место, од остров до остров.

Во секој случај, листата со приближни цени што ја објавија во пресрет на летната сезона може да ви помогне при планирање на буџетот.

Цени на овошје и зеленчук во Грција:

  • Домати (кг): 2,10 €
  • Краставици (парче): 0,50 – 1,60 €
  • Грчка зелка: 0,56 €
  • Компир (кг): 1,00 – 2,10 €
  • Батат: 2,18 €
  • Кромид (кг): 0,50 – 1,30 €
  • Црвен кромид (кг): 1,55 €
  • Млад кромид: 0,80 €
  • Моркови: 0,80 €
  • Зелена пиперка (кг): 3,80 €
  • Тиквици (кг): 0,80 – 1,30 €
  • Праз: 1,68 €
  • Врзоп магдонос: 0,70 €
  • Брокула: 2,68 €
  • Целер: 1,53 – 1,92 €
  • Спанаќ (кг): 1,68 €
  • Јаболка (кг): 0,90 – 2,20 €
  • Праски (кг): 1,80 – 2,50 €
  • Кајсии (кг): 2,60 – 3,00 €
  • Цреши (кг): 1,50 – 3,00 €
  • Јагоди (пакување): 2 – 5 €
  • Лубеница (кг): 1,20 – 2,00 €
  • Лимон (кг): 0,88 €
  • Банана (кг): 1,85 €
  • Ананас: 1,58 €
  • Портокали (кг): 0,70 – 2,00 €

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни