Цитрусните овошја како оружје во битката со депресија

Секојдневната консумација на цитрусни овошја може да го намали ризикот од депресија, според истражувачите од Харвард во една од најголемите студии. Дневниот внес на овошје има позитивен ефект врз нашето здравје, и физичко и ментално.

Неодамнешните истражувања покажаа дека консумирањето на еден вид овошје може делумно да помогне во намалувањето на ризикот од депресија. Тоа е портокал. Истражувачите ги проучувале дивите дрвја на портокал, кои се сметаат за прв вид цитрусни растенија на планетата, а потекнуваат од пред околу осум илјади години во денешна Кина.

Цитрусните овошја, лимоните, портокалите, мандарините, често се препорачуваат за добро здравје поради витаминот Ц, кој е добар за одржување на добар имунитет. Како што истакнува нутриционистката Екта Сингвал, времето кога се консумираат цитрусни овошја е важно.

Кога да јадете цитрусни овошја во текот на денот?

„Поради нивниот кисел вкус и високата содржина на витамин Ц, кој е силен оксиданс и го олеснува апсорбирањето на железото од храната, цитрусните овошја не треба да се консумираат веднаш по оброкот. Причината е киселоста на цитрусните овошја, која го нарушува процесот на варење, а може да го зголеми и нивото на шеќер во крвта, кое подоцна може да има нагло опаѓање“, вели диететичарот.

Истражувањата јасно покажаа дека мозокот и цревата комуницираат во нашето тело и влијаат на здравјето на другите органи. Видот на храна што ја јадеме, како и видот на бактерии што растат во нашите црева, можат да имаат големо влијание врз тоа како размислуваме и чувствуваме. Оваа врска помеѓу мозокот и цревата е важна и за менталното здравје.

Студија објавена во списанието BMC Microbiome ја објасни врската помеѓу консумирањето цитрусни плодови и ризикот од депресија.

Зошто цитрусните овошја се толку посебни?

„Агрумите се богати со флавоноиди, како што се нарингенин и форманонетин. Тие помагаат во одржувањето на растот на есенцијалните бактерии и можат да ги регулираат процесите во цревата, што помага да се зголеми достапноста на нашите невротрансмитери кои ни помагаат да се чувствуваме добро“, истакна д-р Китли.

„Бидејќи хроничното воспаление е поврзано со депресија, зголемувањето на бројот на одредени видови бактерии во цревата преку консумирање цитрусни плодови може да помогне во подобрувањето на расположението“, вели д-р Скот Китли.

Важно е да се нагласи дека здравата исхрана има позитивно влијание врз менталното и физичкото здравје, но кога станува збор за депресија, тоа не е единственото нешто на кое можеме да се потпреме.

Кога станува збор за исхраната и менталното здравје, лекарите предупредуваат дека ултра-преработената храна – брзата храна, преработеното месо, газираните пијалоци и слична храна – имаат лоши здравствени последици.

Постојат неколку други видови храна што се добри за нашиот мозок – ферментираната храна како кефир и јогурт содржи пробиотици кои можат да помогнат во регулирањето на нивоата на невротрансмитери во мозокот, заедно со јаткастите плодови и семките, кои обезбедуваат омега-3 масни киселини кои го намалуваат воспалението и ја подобруваат комуникацијата помеѓу цревата и мозокот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни