Цистерни со фосфорна киселина излетале од шините на железничката пруга Ниш-Зајечар

Компанијата „Железничка инфраструктура“ објави дека ниту една цистерна не се превртела и дека никој не е во опасност, пренесува РТС

Пет цистерни со фосфорна киселина излетале од шините синоќа помеѓу железничките станици Матејевац и Сврљиг, во близина на селото Врело, објави денес Радио и телевизија на Србија.

Компанијата „Железничка инфраструктура“ објави дека ниту една цистерна не се превртела и дека никој не е во опасност, пренесува РТС.

Сообраќајот треба да биде обновен до вечерва, според „Железничка инфраструктура“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни