Циклус на современ перуански филм во Кинотека

Програмата на оваа прва Недела на перуански филм започнува во четврток, на 19 јуни, со проекција на играниот филм „Кралици“ (Reinas, 2024)

Овој месец Кинотеката го претставува циклусот на современ перуански филм, во организација на Амбасадата на Република Перу во Букурешт, Кинотека на Северна Македонија и почесниот Конзулат на Перу во Македонија.

Програмата на оваа прва Недела на перуански филм започнува во четврток, на 19 јуни, со проекција на играниот филм „Кралици“ (Reinas, 2024) во режија на Клаудија Рејнике, а по сценарио на Рејнике и Диего Вега Видал, приказна фокусирана на односот помеѓу еден татко и неговите ќерки, и нивните општествени предизвици во денешно Перу.

Следниот ден, петок (20 јуни), ќе биде прикажан документарниот филм „Мисија Кипи“ ( Misión Kipi, 2024) на режисерката Сонали Туеста – трогателен и инспиративен филм во кој главната улога ја има роботот наменет за дружење и социјализација со деца кои поминале низ периодот на изолацијата за време на пандемијата со Ковид-19.

Циклусот завршува во сабота, 21 јуни, со играниот „Вкусно сушено овошје“ (Deliciosa Fruta Seca, 2017) на Ана Каридад Санчез – филм што балансира меѓу фикција и документарен пристап, претставувајќи емотивна приказна жена во седмата деценија на животот соочена со финансиска криза, која го преиспитува својот идентитетот и културното наследство.
Сите три проекции се бесплатни за посетителите.

На отворањето на фестивалот свое обраќање ќе има директорот на Кинотеката Бошко Грујоски, и почесниот конзул на Перу во Македонија Ненад Јаничевиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни