Циклонот Џенова се приближува и носи силно невреме: Екстремни врнежи и опасни грмежи во следните 48 часа

Балканот го зафаќа силен циклон со над 400 литри дожд, поројни врнежи, поплави и јужен ветер над 70 км/ч. Македонија под удар на 18 и 19 ноември

Балканот се наоѓа пред нов, нагол и сериозен бран на влошување на временските услови. Според најновите прогнози, регионот влегува под директно влијание на силен циклонски систем со центар над Џенова, кој ќе донесе екстремно обилни врнежи, пороен дожд, силни ветрови и локално опасни невремиња.

Метеоролозите предупредуваат дека ширум Балканот постои висока веројатност за поплави, активирање на свлечишта и сериозни нарушувања во сообраќајот.

Италија прва ја почувствува силата на циклонот

Веќе во Лигурија, Италија, екстремните услови предизвикаа над 252 интервенции на пожарникарите, најмногу во Џенова, каде што за само 12 часа наврнале 95 мм дожд.
Прогнозите најавуваат дополнително влошување, со нови обилни врнежи во следните часови, јавува RAI Uno.

Во областа Алта Версилија, свлечиште и паднати дрвја целосно блокираа дел од сообраќајниците, што предизвика сериозни потешкотии и предупредувања за возачите.

Македонија под удар во вторник и среда: локално над 80 литри дожд

На 18 и 19 ноември, Македонија ќе биде зафатена од моќен влажен воздушен бран поврзан со истиот циклон над Џенова. Се очекуваат интензивни и поројни врнежи од запад кон исток, грмежи и услови за локално невреме, јужен ветер кој ќе надминува 70 км/ч и обилни врнежи во Скопје и околината

Само за два дена, на некои места се очекува да наврнат: над 50 литри/м² – на повеќе локации и над 80 литри/м² – на западот од Македонија

Температурите ќе останат натпросечни за ноември поради јужното струење, без значително опаѓање на вредностите

Екстремното време допрва доаѓа

Синоптичарите предупредуваат дека регионот треба да се подготви за многу нестабилни денови. Циклонот ќе создава услови за опасни локални невремиња, поројни врнежи и потенцијални поплави низ повеќе земји.

Граѓаните се повикуваат да ја следат прогнозата, да избегнуваат ризични подрачја и да внимаваат на сообраќајната состојба, особено во региони склони кон свлечишта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни