Циклонот Џенова се доближува: Западна Македонија со нови врнежи

Во текот на следните часови, во западните предели ќе има појава на повремен локален дожд, додека на повисоките населени места и на планините над 1.000 метри надморска височина ќе има повремен снег.

Во раните утрински часови во Македонија времето е променливо облачно и релативно благо, без изразен студ за овој период од годината.

Во текот на следните часови, во западните предели ќе има појава на повремен локален дожд, додека на повисоките населени места и на планините над 1.000 метри надморска височина ќе има повремен снег. Ова е јасен показател дека западот веќе почнува да ја чувствува циклонската активност со центар над Џенова, која дополнително ќе се интензивира.

На метеоролошката карта се прикажани температурите измерени во раните утрински часови, заклучно до 3 часот, кои потврдуваат дека утрото минува без значително ниски температури, но со најава за постепена промена на временските услови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни