Во новата проценка, ЦИА вели дека поверојатно е дека КОВИД потекнува од лабораторија. „Њујорк тајмс“ пренесува став на новиот директор на ЦИА Џон Ретклиф во кој вели: ,,Тоа е критичен дел од разузнавањето што треба да се разбере и има последици за американско-кинеските односи”.
Овие заклучоци произлегоа од анализата побарана од администрацијата на претходниот американски претседател Бајден.
Според портпаролот на ЦИА, „Според достапните извештаи ЦИА проценува дека поверојатно е потеклото на пандемијата COVID-19 да се поврзува со лабораториско испитување отколку со природно потекло на вирусот. Сепак, ЦИА и натаму ги зема предвид и двете сценарија за појавата на КОВИД 19.
„Имаме ниска доверба во оваа пресуда и ќе продолжиме да ги проценуваме сите достапни веродостојни нови разузнавачки извештаи или информации од отворен карактер коишто би можеле да ја променат проценката на ЦИА.