Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста

Ќе настап улични живи статуи од продукцијата Театроск, во живо ќе сликаат учениците од Државното средно училиште Лазар Личеноски, ќе има и ДЏ Сетови, ќе се одигра кореодрамата „Самоти(и)ја“ со Енџи Николоска и Бојан Лазаров, а ќе се случи и подвижниот акт именуван „ЗАЕДНО“ кој ќе се созададе на работилницата на пантомима и уличен театар

Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста е настан кој ќе се случи на Улица Македонија на 15 Април со почеток од 17 часот.

На „Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста“ ќе имате можност одблизу да видите голем број на уметности кои широко ќе ја распостелат својата креативност долж улица Македонија.

Ќе настап улични живи статуи од продукцијата Театроск, во живо ќе сликаат учениците од Државното средно училиште Лазар Личеноски, ќе има и ДЏ Сетови, ќе се одигра кореодрамата „Самоти(и)ја“ со Енџи Николоска и Бојан Лазаров, а ќе се случи и подвижниот акт именуван „ЗАЕДНО“ кој ќе се созададе на работилницата на пантомима и уличен театар, акт кој е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија (ЕУ за тебе).

Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста е проект поддржан од прогрмата за култура на Општина Центар за тековната 2025 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни