Со изложба на редок етно накит вечерва во Тетово ќе се претстават членовите на Центарот за култура од Сесвете (Загреб, Хрватска).
Во 19 часот ќе се отвори изложбата во Музејот на тетовскиот крај (поранешен Дом АРМ), која ќе може да се погледне и во текот на утрешниот ден, среда 18 јуни.

-Станува збор за реплики на етно накит од сите краишта на Хрватска, современ дизајниран накит со етно елементи како и фотографии на традиционално наследство. Изложбата досега има постигнато голем успех, а беше поставена и во Луксембург (Белгија), Виена (Австрија), Печух (Унгарија) и други, информираат од со Македонско-хрватското друштво (МХД) кои ја организираат изложбата.
Слободен е влезот и за вечерашното отворање, како и за утрешниот ден.