Цените на ски-картите се зголемија толку многу што скијањето ќе биде привилегија: Што вели новото истражување?

Од Алпите до Доломитите на север до централниот регион Абруцо, цените се зголемија за најмалку 40 проценти во споредба со 2021 година, според истражувачката асоцијација Асутенти.

Цените на ски-картите се зголемија толку многу што скијањето ќе биде привилегија

Цените сега се толку високи што многу граѓани мораа да се откажат од своите традиционални зимски одмори.

Неверојатниот пораст на цената на ски-картите во Италија би можел да значи дека овој спорт ќе биде привилегија само на богатите, предупреди претседателот на Италијанското здружение на потрошувачи, Габриеле Мелусо.

Од Алпите до Доломитите на север до централниот регион Абруцо, цените се зголемија за најмалку 40 проценти во споредба со 2021 година, според истражувачката асоцијација Асутенти.

Картата „Доломити Суперски“, со помош на која имате пристап до сите 12 одморалишта во Доломитите, ќе чини 86 евра оваа сезона. Рокарас, популарно одморалиште во Абруцо на Апенините, доживеа голема гужва откако еден Tiktoker ја промовираше дестинацијата, па ски-картите веројатно ќе чинат 60 евра.

Цената на сезонските ски-карти ќе се движи од 755 евра по лице во Рокарас до дури 1.800 евра во долината Аоста.

Цените за изнајмување ски-опрема, хотелско сместување и ресторани исто така се зголемија.

Иако ски-операторите ги обвинуваат повисоките цени на енергијата за зголемувањето на цените, Мелусо верува дека зголемените трошоци за одржување на одморалиштата и големата побарувачка за квалитетна опрема се „апсолутно неоправдани и неприфатливи“ не само затоа што инфлацијата во Италија е под контрола, туку и затоа што тарифите за енергија се вратија во нормала.

Како што додаде, цените сега се толку високи што многу граѓани мораа да се откажат од своите традиционални зимски одмори.

Во текот на сезоната 2024/25, имаше забележителен пад на планинскиот туризам – еден милион помалку Италијанци скијаа поради високата цена.

И покрај сè, Италија е сè уште најевтината ски-дестинација во Западна Европа, во споредба со Швајцарија, Франција и Австрија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни