Цените на недвижностите во Европа во последната година најмногу пораснале во Полска, Бугарија и Хрватска

Цените на недвижностите во некои европски земји пораснаа, а во други паднаа, покажува истражувањето на Еуростат. Во последната година, цените на недвижностите најмногу пораснале во Полска (18 отсто) и Бугарија (16 отсто). Во Хрватска цените на недвижностите се зголемени за 9,1 отсто. Најголем пад на цените на недвижностите е забележан во Луксембург за 10,9 отсто, а потоа следат Германија (5,7 отсто) и Франција (4,8 отсто).

Од друга страна во одредени држави во Европа има драстично зголемувањето на цените на закупнината на недвижностите во минатата година

Во последната година, цените на изнајмувањето на недвижностите најмногу се зголемиле во Црна Гора, каде киријата е за 29 отсто поскапа од претходната година. Во Србија цените за изнајмување на недвижности се зголемени за 18 отсто, во Унгарија за 14 отсто, а во Полска и Словенија за 12 отсто. Цената за изнајмување на недвижностите во Хрватска се зголеми за 6 отсто. Во Франција, Германија и Шпанија цените се зголемите за само 2 отсто.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни