Цените на нафтата паднаа во пресрет на преговорите меѓу САД и Иран во Женева

Цените на нафтата бележат пад додека инвеститорите ја следат новата рунда преговори меѓу САД и Иран во Женева. Трамп изрази надеж за договор, но предупреди на сериозни последици доколку не се постигне.

Цените на нафтата денеска забележаа пад, додека инвеститорите внимателно ја следат ситуацијата околу новата рунда разговори меѓу САД и Иран, која е закажана за четврток во Женева.

Нафтат се движеше околу 71,5 долари за барел, додека американската сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше по цена од околу 66,3 долари за барел. И покрај денешниот пад, цените остануваат блиску до највисоките нивоа во последните шест месеци.

Американскиот претседател изјави дека претпочита постигнување договор со Иран, но предупреди дека Техеран го очекува „многу лош ден“ доколку не се постигне нуклеарен договор. Тој ги отфрли и извештаите дека Пентагон е загрижен поради ризик од продолжена воена кампања против Иран.

Стравувањата од можен воен конфликт на Блискиот Исток, како и неколку нарушувања во снабдувањето, во изминатите недели придонесоа за раст на цените на суровата нафта, намалувајќи ги очекувањата за поголем вишок на пазарот во текот на годината.

Во меѓувреме, трговците ги проценуваат и обновените трговски ризици, откако стапи во сила новата глобална царина од 10 проценти воведена од администрацијата на Трамп, што дополнително влијае врз движењата на енергетските пазари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни