Германија соопшти дека цените на горивата нема да паднат брзо, и покрај новото двонеделно примирје меѓу САД и Иран кое предвидува повторно отворање на Ормускиот теснец .
Владата во Берлин предупредува дека иако примирјето е позитивен сигнал за глобалните пазари, ситуацијата е сè уште нестабилна и далеку од конечен договор. Заменик-портпаролот на германската влада, Себастијан Хиле, изјави дека „се уште сме далеку од спогодба и можни се значајни застои“, додавајќи дека пазарите мора да останат внимателни.
Според официјалните проценки, дури и по повторното отворање на Ормускиот теснец, ќе биде потребно време за нормализирање на протокот на нафта. Бродскиот сообраќај може да се стабилизира, но дополнителни три до шест недели ќе бидат потребни за нафтата физички да стигне до европските рафинерии и да влијае на цените.
Поради тоа, германските власти очекуваат дека цените на горивата нема значително да се намалат во краток рок, и покрај намалувањето на геополитичките тензии.