Цените на гас достигнаа највисоко ниво во Европа во последната година

Од минатата недела, гасот на берзата TTF поскапи за околу 11 отсто, а од средината на септември пораснал за дури 50 отсто. Цената е скоро двојно повисока отколку во март минатата година, кога за мегават-час се плаќаше 29,13 евра

Цените на гас достигнаа највисоко ниво во Европа во последната година, поради зголемената побарувачка предизвикана од ниските температури и укинатиот ценовен лимит на ниво на Европската унија.

На референтната холандска берза TTF, мегават-час гаса со рок на испорака во март, вчера чинеше 53,9 евра, што е највисоко од крајот на октомври 2023 година.

Од минатата недела, гасот на берзата TTF поскапи за околу 11 отсто, а од средината на септември пораснал за дури 50 отсто. Цената е скоро двојно повисока отколку во март минатата година, кога за мегават-час се плаќаше 29,13 евра, пренесува Хина.

Растот на цените на гасот е поддржан од големата побарувачка поради ниските температури во Европа. Во такви услови, залихите на ниво на ЕУ на почетокот на февруари се пополнети 53,11 отсто, додека пропишаниот минимум е 60 отсто.

Најниското нивото на залихи е во Франција, каде е пополнето 35,50 отсто, во Хрватска 35,97 отсто, а во Холандија 37,09 отсто.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни