Цените на златото и денеска забележаа пад од околу еден отсто и се спуштија на ниво од приближно 4.560 долари за унца, откако ослабе побарувачката за таканаречените „безбедни засолништа“.
Вредноста на благородниот метал дополнително се намали поради сè помалите очекувања дека американските Федерални резерви (ФЕД) наскоро ќе ги намалат каматните стапки, пренесува „Трејдинг економикс“.
Во исто време, геополитичките тензии поврзани со Иран се намалија, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека евентуалната воена акција би можела да биде одложена. Тој наведе дека постојат знаци за ублажување на репресијата врз протестите и дека нема да има масовни погубувања.
